ТД МАКОШПЕД АД, Скопје е прва и најстара шпедитерска компанија во Република Македонија, основана во 1945 година. Како резултат на долгогодишното искуство и развој ТД МАКОШПЕД АД се вбројува во редот на најпознатите шпедитерски куќи на Балканот и во Европа Со својата мрежа na деловни единици во земјата,со професионален и стручен, успешно ги организира и ги нуди сите услуги од областа на шпедитерското работење
ТД МАКОШПЕД АД e член на повеќе меѓународни здруженија како што се FIATA И IATA, а потврда на нашата професионалност е и имплементацијата на ISO 9001:2000 стандардот кој е гарант за квалитетот на услугата која ја нудиме, и системот за безбедност на храна HASSAP.
Политика на квалитет
Наша определба е да бидеме препознатлива компанија по квалитетот и ефикасноста во давањето на услугите, преку мотото:
РАБОТИ ЗА ДА БИДЕШ ПРВ ИЗБОР НА КОМИНТЕНТОТ!
Статус на друштвото
ТД МАКОШПЕД АД е акционерско друштво со кое управува менаџмент составен од следните органи-Собрание на акционери, Oдбор на dиректори,и извршниот директор-генерален директор Коста Младеноски,кој со менаџерскиот тим на друштвото успешно ги реализира деловната политика и целите на друштвото.
Организацона структура
Друштвото е организирано во Четири сектора;Шпедиција,промет и складишта,финансии и сметководство п правен сектор. |